Учениците од прво одделение во посета кај градоначалникот Алексовски

По повод претстојните новогодишни празници, учениците од прво одделениe од ООУ „Јоаким Крчовски“, предводени од наставничката Јагода Ангеловска, беа во посета кај градоначалникот г.Арсенчо Алексовски. 

Во рамки на посетата учениците му подарија на Градоначалникот своерачно изработени новогодишни подароци и му ја честитаа новата 2017 година. Градоначалникот ги почести и им посака многу здравје, среќа и успех во новата година.