Сите бои на џезот

Во галеријата на Градскиот музеј Крива Паланка се одржа уметнички перформанс насловен „Сите бои на џезот 2“. Џез-концерт одржа дуото Лина и Гордан Спасовски, кој свири џез-клавир, а дипломирал на Музичката академија во Грац.

Програмата беше надополнета со џез импресии на фотографска, видео и сликарска уметност на познатиот академски сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски, и на истакнати фотографи од повеќе генерации: Ѓорги Костовски, Стојанче Величковски, Кирила Цветковска и Стефан Јакимовски.

Настанот беше во организација на Кривопаланечкиот музеј и Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а е дел од неколкудневната манифестација „Новогодишни празнувања“ што ја организираше Општината.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст