Црква Свети Никола во с.Трново

Црквата  Св.Никола во  с. Трново им припаѓа на манастирските цркви, изградени во периодот на турската доминација на Балканот. Во науката се присутни дилеми кои се однесуваат на точното читање на годината на градењето. Имено, постарите проучувачи се определуваат во читањето на годината како 1505 година, додека со поновите истражувања е поставена тезата за 1605 како година на градењето на црквата. Според просторната елевација, манастирската црква во Трново му припаѓа на типот еднокорабни мали градби со покрив на две води и со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата е обликувана со централен распоред, а во горниот дел завршува со полуобличест свод. Кон западната страна е дограден затворен трем со два влеза, на западната и на јужната срана, а на јужната сртана се наоѓа и отворен трем. Во внатрешноста на црквата се наоѓа зачуван живопис кој е распореден во зони. Меѓу насликаните светители на долната зона се издвојува и ликот на Св.Јоаким Осоговски. Евидентирани се 7 икони.

[embpicasa id=”6250030662712427009″]

Црква Свети Никола во с.Трново
с.Трново
Крива Паланка Macedonia (FYROM)
Големина на фонт
Контраст