КМФ „ОСОГОВО 2022“

Во 2022 на Крива Паланка доби нов спортски субјект- прв општински клуб во мал фудбал КМФ „ОСОГОВО 2022“.

Клубот е формиран во август 2022 година на иницијатива на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митвски и група спортски работници од областа на фудбалот од Крива Паланка.

Иницијативата се рализира, а на чело на клубот, за претседател е избран Моме Јакимовски.

По формирањето клубот се регистрира во Фудбалската федерација на Северна Македонија ( ФФМ) и од претстојната натпреварувачка сезона, 2022/23 е вклучен во  сениорските натпреварувања, во Втората македонска футсал лига (национална лига во мал фудбал).

За прв тренер, шеф на стручниот штаб на КМФ „Осогво 2022“ е назначен познатиот спортски фудбалски стратег од градот, Бранко Павловски – Пикси, а на домашен терен клубот одигрува натпревари во спортската сала “Бранители 2001”.

Она што е значајно и импресивно истовремено е што клупските натпревари предизвикаа огромен интерес за следење и поддршка од страна на љубителите на најважната споредна работа во светот, фудбалот, во Крива Паланка.

Покрај останатите спортски тимови од други спортови, Општина Крива Паланка доби и фудбалски тим што ќе ја претставува општината во националниот систем натпревари.

Идејата и мисија истовремено за формриање на КМФ “Осогово 2022”  е да го врати стариот сјај на фудбалот во градот, а клубот се претставува во препознатливите заштитни бои на некогашниот ФК “Осогово”, сино- бело.

  • Прва натпреварувачка сезона, 2022/23

Втора македонска футсал лига

Стартот на првенството во сениорска конкуренција беше прилика да играчите ги одмерат силите со останатите 11 клубови од првенството:

  • КМФ Бутел, Скопје;
  • КМФ Клими, Кавадарци;
  • КМФ Шкендија, Тетово;
  • КМФ Битола, Битола;
  • Мал Ајакс, Штип и останатите.

За КМФ „Осогово 2022“ настапија играчи искчучиво од Крива Паланка, вешти во мал фудбал и виртуози со „бубамарата“.

  • СОСТАВ НА ТИМОТ НА КМФ „ОСОГОВО 2022“, сезона 2022/23

  1. Кристијан Станојковски
  2. Стефан Димитровски
  3. Мартин Ристовски
  4. Дамјан Ангеловски
  5. Никола Димитровски
  6. Михаил Павловски
  7. Владимир Коцевски
  8. Филип Вучковски
  9. Александар Димитровски.

Тренер: Бранко Павловски

Претседател на клубот: Моме Јакимовски.

Во есенскиот дел на сезоната клубот бележи одлични резултати и го завзема третото место на табелата. Оттука, силно мотивиран од добрите игри, тимот продолжува да реди победи и обебзбедува место, пласман за влез во највисокиот ранг натпревари во ова првенство во мал фудбал, Првата македонска футсал лига.

Во 2023 година доаѓа до промена на претседателската функција, кадешто Моме Јакомовски  го заменува нов претседател, Милан Митовски.

 

СЕЗОНА 2023/24 , Прва македонска футсал лига

Тимот на КМФ „ОСОГОВО 2022“ во новата натпреварувачка сезона 2023/24 , прва во Првата футсал лига, продолжува да настапува под водство на истиот тренер, Бранко Павловски, во истиот натпреварувачки состав.

Виокиот ранг на натпреварување и силната конкуренција, од една страна, како и краткото искуство на тимот во лига-системот, го направија своето и екипата бележи само две победи во првиот дел од сезоната, завршувајќи 7-то место.

На иницијатива на претседателот и управата на клубот, КМФ „Осогово 2022“ во преодниот рок од сезоната 2023/24 се засилува со тројца нови играчи, репрезентативци на Северна Македонија во футсал:

  1. Андреја Мицевски;
  2. Виктор Димков и
  3. Никола Спасовски.

Со засилувањата во составот, тимот во пролетниот дел бележи извонредни резулати и прави  пресврт, па од 9 натпревари дури на 7 остварува победа. Еден натпревар завршува со пораз и еден со реми.

Со ова, екипата на општинскиот клуб во мал фудбал КМФ „ОСОГОВО 2022“ во дебитантската сезона во Првата футсал лига завршува на високото 4 то место на табелата.

На домашен терен во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка беше победен вицешампионот на футсал во Македонија, КМФ Шкупи со резулатат од 5-2.

Во низата победи, „падна“ и шампионот КМФ Форца со победа за „Осогово 2022“ со резултат 3-2, а Форца  го доживеа единствениот пораз оваа сезона токму од нашата екипа.

Она што е интересно и вреди да се спомене е дека КМФ „ОСОГОВО 2022“ оваа сезона оствари пласман и во Купот на Македонија, кадешто клубот продолжи со низата победи, стигнувајќи до полуфунале, каде резултатот беше нерешен: 0-0 до самиот крај.

Во доигрувањето и серија пенали- тимот доживува пораз од КМФ Клими – Кавадарци.

***

Вреди да се спомене дека младинците од тимот на општинскиот фудбалски клуб се промовираа и напредуваа во футсалот, така што гордост на градот и клубот се тројцата младински играчи од Крива Паланка: Никола Стојмировски, Алек Тошевски и Дамјан Миленковски, дел од футсал репрезентацијата до 19 години, а Никола Спасовски е член на сениорската – А репрезентација на Македонија.

Големина на фонт
Контраст