Врз основа на член 19 од Статутот на Општина Крива Паланка(„Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 09/2026 ) и член 66 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 12/26), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува (вонредна) седница на Советот на Општина Крива Паланка за 21.11.2026 година ( сабота ) во 13:00 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1.Разгледување на состојбата и утврдување конкретни мерки во рамките на законските надлежности за заштита на граѓаните и нивните имоти .
Ве молиме за присуство на седницата во салата Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски , с.р.




