Општина Крива Паланка воспоставува единствен регистар за евидентирање штети предизвикани од неконтролирано движење на крупен добиток на територијата на општината.
Ги повикуваме оштетените граѓани да ја пријават причинетата штета, следејќи ги овие чекори:
1. Преземете и пополнете го формуларот – Формулар за пријавување и евидентирање на штета
Формуларот е достапен во прилог на оваа објава и содржи упатства за пријавување. Внесете ги податоците за подносителот, местото и времето на настанот, како и видот и обемот на причинетата штета.
2. Подгответе ги расположливите докази
Приложете фотографии, видеозаписи, записници, потврди за пријавување до МВР, документи за сопственост или користење на оштетениот имот, податоци за сведоци и друга релевантна документација со која располагате.
3. Поднесете ја пријавата во општинската архива
Пополнетиот и потпишан формулар, заедно со прилозите, доставете го во архивата на Општина Крива Паланка. Пријавата ќе биде заведена и доставена до службеникот задолжен за водење на регистарот.
За практична помош при пополнувањето и насоки за потребната документација, обратете се до надлежните општински служби.
Важно: Прочитајте ги и упатствата во формуларот за обезбедување независно вештачење и учество во судска постапка. Евидентирањето во регистарот не ја заменува пријавата до МВР и само по себе не претставува поднесена тужба или признато право на надомест.
📄 Во прилог: Формулар за пријавување и евидентирање штета со упатства за оштетените граѓани.





