На сцената во НУ Центар за култура – Крива Паланка, актерите од Општинскиот драмски театар – Ќустендил вчера вечер, ја донесоа претставата „Мојот најдобар пријател“, дело исполнето со хумор, животни ситуации и препознатливи човечки односи.
Зад хумористичните и апсурдни ситуации, виртуозната игра на гостите од Ќустендил ни престави една реална драма за бракот, лагите, верноста и лицемерието во современите односи.
Претставата „Мојот најдобар пријател“ беше идеален избор за совршено “интелигентно забавување“ за вечерно излегување и несекојдневна прилика барем на момент да се заборави на секојдневието и грижите и наместо тоа, квалитетно да се насмееме, а сепак да си заминеме со неколку отворени прашања за човечката природа и пријателството.
Голема благодарност до гостите од Ќустендил за прекрасната театарска вечер, благодарност и до кривопаланечката публика која од вечер во вечер ја исполнува салата и му дава вистинска душа на ова фестивалско издание.
Крива Паланка продолжува да живее со театарот, а вечерва со нетрпение го исчекуваме настапот на гостите од МОНТЕСЦЕНА од Подгорица со хит-претставата „Црногорец во кревет“.




