Почитувани,
Во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), подготвени се нацрт-Регионален план за управување со отпад и Извештај за стратегиска оцена на животната средина (СОЖС).
Согласно законските обврски за обезбедување учество на засегнатата јавност, документите се ставени на јавен увид во периодот од 5 октомври до 15 ноември 2026 година.
Заинтересираната јавност има можност да ги разгледа документите и да се информира за нивната содржина преку официјалната веб-страница на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, на следниот линк:
Јавна расправа по нацрт-извештајот за СОЖС
Период на јавен увид: 5.10.2026 – 15.11.2026 година.
Општина Крива Паланка ги информира граѓаните и сите заинтересирани страни за можноста да се запознаат со документите и да го искористат предвидениот рок за учество во постапката.




