Општина Крива Паланка и Центарот за економски анализи – ЦЕА потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за соработка во насока на унапредување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во управувањето со локалните климатски финансии.
Соработката се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот во климатското финансирање: Транспарентни и отчетни климатски финансии за спречување на корупција“, финансиран од Европската Унија преку ИПА 2021 програмата „Северна Македонија: Нулта толеранција кон корупцијата“. Проектот го спроведува ЦЕА во период од 30 месеци, а Крива Паланка е една од пилот-општините опфатени со проектот.
Меморандумот отвора простор за конкретна соработка во подобрувањето на локалните практики поврзани со планирањето и користењето на средствата за животната средина и климатските промени, со посебен акцент на навременото и јасно информирање, управувањето со ризиците и поголемото вклучување на граѓаните и локалниот бизнис-сектор.
Во рамките на соработката се предвидени анализа на постојните локални практики, стручна и техничка поддршка за општинската администрација, работилници посветени на климатско буџетирање и управување со ризици, развој и примена на практични алатки за поголема отчетност, како и дигитална алатка преку која ќе се овозможи полесно следење на финансиските информации поврзани со климатските политики.
Посебна вредност на оваа соработка е тоа што се надоврзува на веќе утврдени сознанија за состојбите на локално ниво. Според неодамна објавеното истражување преку спонтана информираност, спроведено од ЦЕА во девет општини, Општина Крива Паланка е на највисоко ниво меѓу општините опфатени со истражувањето.
Истражувањето покажува и потенцијал за понатамошно зајакнување на граѓанското учество и надзорот, имајќи предвид дека значителен дел од испитаниците во Крива Паланка изразиле подготвеност да пријават сериозна неправилност. И во истражувањето на локалниот бизнис-сектор, Крива Паланка е меѓу општините со повисоки оценки во однос на перцепцијата за транспарентност и доверба.
Со потпишувањето на Меморандумот, Општина Крива Паланка и ЦЕА воспоставуваат партнерство насочено кон практични подобрувања во начинот на кој се планираат, следат и комуницираат климатските и еколошките финансии на локално ниво.
За Општина Крива Паланка, учеството во проектот претставува можност постојните капацитети и практики дополнително да се унапредат преку стручна поддршка, нови алатки и размена на искуства, со крајна цел — јавните средства поврзани со климатските и еколошките политики да бидат појасно планирани, поефикасно користени и подостапни за следење од страна на јавноста.
Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за проектот и истражувањата на ЦЕА





