Дневен ред на 13-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 13-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 29.09.2026 година (вторник) во 10,00 часот.

Д н е в е н р е д:

Усвојување на записник од 12-та седница на совет

1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на СОУ „Ѓорче Петров“– Крива Паланка за 2025/2026 година;
2. Предлог – Одлука за донесување на Програма за работа на СОУ Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2026/2027 година;
3. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Крива Паланка за 2025/2026,
4. Предлог-Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Крива Паланка за 2026/2027,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Развојна Пограма JМА за „Времено уредување на јавни површини, улици и патеки со бехатон плочи 2026-2029;
6. Предлог-Програма за измена и дополнување на Развојна Пограма РАА за активности во програмата за животна средина на Општина Крива Паланка за период 2026-2029
7. Предлог-Програма за изменување на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2026 година ;
8. Предлог-Одлука за преотстапување на право на трајно користење на дидактичка опрема без надоместок на ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка;
9. Предлог-Одлука за за давање на времено користење на движна опрема на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
10. Предлог-Одлука за давање согласност на измени и дополнувања на Програмата за работа на Фондацијата „ Со срце за Крива Паланка „ за 2026 година;
11. Предлог-Решение за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Крива Паланка;
12. Предлог-Одлука за усвојување на етичкиот кодекс на локални функционери во Општина Крива Паланка ;
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на цените за комунални услуги во ЈП Комуналец Крива Паланка бр.02-507/3 од 18.03.2022 година;
14. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП Комуналец за задолжување кај УНИ Банка и обезбедување на гаранција од Општина Крива Паланка ;
15. Предлог –Одлука за измена на Одлуката за утврдување за донесување на урбанистичко- планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп бр.1130/1 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
16. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 1001/2 и дел од к.п.бр.1000/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
17. Предлог-Статут на Општина Крива Паланка

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски ,с.р