ПАРКИНГ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНО И ОРГАНИЗИРАНО ПРИСТИГНУВАЊЕ НА 29 АВГУСТ

Во пресрет на големиот музички настан што ќе се одржи на 29 август на Градскиот стадион во Крива Паланка, Општина Крива Паланка обезбеди повеќе паркинг зони, со цел безбедно и организирано пристигнување на посетителите и непречено одвивање на сообраќајот.

Паркинг-просторите се распоредени на повеќе локации во и околу централното градско подрачје, а за полесна ориентација на граѓаните и посетителите е подготвена и мапа со сите паркинг зони и директни линкови за навигација до секоја од локациите.

МАПА СО СИТЕ ПАРКИНГ ЗОНИ:

ЗОНА 1 – лева коловозна лента од ул. „Св. Јоаким Осоговски“ – ЛИНК
ЗОНА 2 – тротоарска површина покрај магистралниот пат – ЛИНК
ЗОНА 3 – Градски базен – ЛИНК
ЗОНА 4 – Мотел „Македонија“ и патот преку Бабин Дол и стариот пат кон „Св. Јоаким Осоговски“ – ЛИНК
ЗОНА 5 – Автобуска станица и речно корито кај Автобуската станица – ЛИНК
ЗОНА 6 – Катна гаража, Зелен градски пазар и речно корито кај Зелен пазар – ЛИНК

ВАЖНА СООБРАЌАЈНА ИНФОРМАЦИЈА

На 29 август сообраќајот ќе се одвива по кружен режим, согласно поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби. Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воспоставениот режим, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот и намалување на сообраќајниот метеж.

Општина Крива Паланка апелира до сите учесници во сообраќајот да пристигнат навреме, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги следат насоките на надлежните служби, со цел безбедно и ефикасно регулирање на сообраќајот во услови на очекувана зголемена фреквенција.

Воедно, упатуваме апел до нашите сограѓани да бидеме добри домаќини – доколку се во можност, на 29 август да ги остават своите возила дома и да овозможат повеќе расположлив паркинг-простор за гостите кои ќе пристигнат во нашиот град.

Со одговорно однесување, меѓусебно разбирање и почитување на насоките, заеднички да придонесеме за безбеден, организиран и убав празничен ден во Крива Паланка.

Општина Крива Паланка