„Од дамнина до денес“ – музичка вечер посветена на македонската песна и традиција

Со звуците на кавалот, македонската песна и мелодиите што со генерации се пренесуваат од срце на срце, Крива Паланка ја живееше музичката вечер „Од дамнина до денес“, со Сашко Митов и неговиот оркестар.

Преку автентичниот музички израз и песните што длабоко се врежани во нашата колективна меморија, публиката имаше можност да се наврати кон сопствените корени и да ја почувствува силата на традицијата, која и низ времето останува жива.

Од дамнина до денес“ беше музичка средба со она што нè определува, со нашето културно наследство и со македонската песна како дел од идентитетот што се чува и се пренесува од поколение на поколение.

А публиката, уште еднаш, покажа дека Крива Паланка знае да ја препознае и сака убавата песна, но и дека традицијата најубаво живее тогаш кога се споделува заедно.