Отворена изложбата „ПРОГОН“ од Анета Стојчевска

Во рамки на „Кривопаланечко културно лето“ беше отворена изложбата „ПРОГОН“ од авторката Анета Стојчевска – уметнички проект кој отвора прашања, побудува емоции и остава силен впечаток кај посетителите.

Изложбата е реализирана во рамки на истоимениот проект, поддржан преку јавниот повик за финансирање предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Крива Паланка за 2026 година.

Со својата специфична уметничка поставка, „ПРОГОН“ отвора простор за размислување и лична интерпретација, збогатувајќи ја програмата на овогодинешното „Кривопаланечко културно лето“.