Фолклорна вечер што ги спои традицијата, музиката и пријателството

Уште една летна вечер исполнета со фолклор, музика и позитивна енергија се одржа во Крива Паланка, во рамки на програмата на „ Кривопаланечко културно лето“, носејќи на сцената богатството на традиционалната култура и убавината на нејзиното споделување.

КУЗ „Карпош“, заедно со гостите од Република Хрватска, приредија впечатлива фолклорна вечер исполнета со традиционални игри, музика и убави сценски изведби, проследени со бројна публика и искрени аплаузи.

Со своите настапи, учесниците уште еднаш потсетија дека фолклорот не е само чувар на културното наследство, туку и силен мост што ги поврзува луѓето, градовите и различните култури.

Особена вредност на вечерта даде токму средбата на домашните и гостинските фолклорни уметници, преку која традицијата беше претставена како жива културна вредност – онаа што се негува, се споделува и се пренесува од едни на други.

Благодарност до КУЗ „Карпош“, до нашите драги гости од Република Хрватска и до публиката која со своето присуство, аплаузи и поддршка ја направи оваа фолклорна вечер уште една убава приказна од културното лето во Крива Паланка.