Фолклорна вечер со КУЗ „Карпош“ и гости од Република Хрватска вечерва во рамки на „Кривопаланечко културно лето 2026“

Љубителите на македонскиот фолклор и традиционалната култура вечерва ќе имаат можност да уживаат во уште една содржина од програмата на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2026“.

На плоштадот „Карпошово востание“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи фолклорна вечер на која ќе настапи Културно-уметничкото здружение „Карпош“ од Крива Паланка, заедно со гости од Република Хрватска.

Посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат убавината и богатството на фолклорната традиција, преку автентичните народни игри, песни и носии кои се значаен дел од културниот идентитет и духовното наследство на народите.

Настанот претставува уште една можност за културна размена, дружење и афирмација на традиционалните вредности, кои со љубов и посветеност се негуваат и се пренесуваат на младите генерации.

Општина Крива Паланка ги поканува сите граѓани и посетители да бидат дел од оваа летна фолклорна вечер и заедно да уживаат во богатата програма исполнета со музика, игра и традиција.

07 август (петок)
20:00 часот
Плоштад „Карпошово востание“