Во рамки на „Кривопаланечко културно лето 2026“, љубителите на традиционалниот македонски фолклор ќе имаат можност да уживаат во уште една содржински богата културна вечер посветена на песната, играта и богатото фолклорно наследство.
На 25 јули, со почеток во 20:00 часот, на Плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи Фолклорна вечер, на која свој свечен концерт ќе приреди Културно-уметничкото здружение- КУЗ „Фолклористи“, заедно со фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија и од странство.
Посетителите ги очекува вечер исполнета со сплетови на македонски ора и песни, традиционални вредности и емоции што ја поврзуваат сегашноста со богатото културно наследство на нашиот народ.
Општина Крива Паланка ве поканува заедно да ја прославиме убавината на фолклорот и да уживаме во магијата на традицијата под отворено небо.
25 јули – 20:00 часот
Плоштад „Карпошово востание“




