Детската претстава „Петко и Еко“ донесе насмевки, забава и едукативни пораки на „Кривопаланечко културно лето“

Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка уште еднаш беше исполнета со детска смеа, радост и позитивна енергија. Во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето“, најмладите посетители, заедно со своите родители и семејства, уживаа во детската претстава „Петко и Еко“.

Преку интересна приказна, збогатена со музика, игра и интерактивни содржини, претставата на децата им пренесе важни пораки за љубовта кон природата, грижата за животната средина и значењето на еколошките навики, на забавен и ним близок начин.

Исполнетиот градски плоштад и искрените детски насмевки уште еднаш потврдија дека ваквите културни содржини создаваат простор за дружење, заеднички семејни моменти и квалитетно исполнето слободно време.