На летната сцена на Градскиот плоштад синоќа се одржа „Осоговска староградска вечер“, концерт што ги обедини љубителите на староградската песна и македонската музичка традиција. Во пријатната јулска вечер, посетителите уживаа во безвременските мелодии, препознатливите староградски песни и атмосферата што ја создава музиката исполнета со емоција и автентичен дух.
Со своите настапи концертната вечер ја збогатија КУЗ „Распеани паланчани“, специјалниот гостин Нино Величковски, „Тамбураши“ со женска пејачка група и „Кратовски бисери“, кои со својата изведба приредија незаборавна музичка вечер и беа наградени со заслужени аплаузи од публиката.
„Осоговска староградска вечер“ уште еднаш потврди дека „Кривопаланечко културно лето“ е манифестација што успешно ги негува културните вредности, ја афирмира македонската музичка традиција и создава простор за средби, дружење и заедничко уживање во културните содржини.




