Преполн плоштад, стотици насмевки и уште една незаборавна летна вечер во Крива Паланка

Летната сцена на Градскиот плоштад синоќа беше исполнета со детска смеа, аплаузи и искрена радост, каде што стотици деца, родители и посетители уживаа во уште една забавна вечер од програмата на ,,Кривопланечко културно лето 2026“.

Рекордната посетеност и преполниот плоштад уште еднаш потврдија дека настаните посветени на најмладите имаат посебно место во летната културна програма на Општина Крива Паланка, создавајќи моменти што долго ќе останат во детските спомени.

Понекогаш не се потребни многу зборови. Доволни се детските насмевки, исполнетиот плоштад и прекрасната атмосфера што ја создава заедништвото.

Фотографиите од оваа јулска вечер најдобро ја раскажуваат приказната за атмосферата што владееше на плоштадот.