Во рамките на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026“, Општина Крива Паланка продолжува да реализира разновидна културно-забавна програма, исполнувајќи ги летните вечери со детска смеа, игра и убави семејни моменти.
На 16 јули (четврток), со почеток во 20:30 часот, на Летната сцена на Градскиот плоштад, најмладите посетители, заедно со своите родители, ќе имаат можност да уживаат во „Ѓурчиновски шоу“ – интерактивна детска забавна програма исполнета со многу смеа, музика, игра, балони, изненадувања и позитивна енергија.
Оваа летна вечер е создадена токму за децата – да се забавуваат, да другаруваат и да понесат убави спомени од уште едно незаборавно издание на „Кривопаланечко културно лето 2026“.
Општина Крива Паланка ги поканува децата и нивните семејства да бидат дел од оваа весела и несекојдневна детска приказна.




