Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 11-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 17.07.2026 година (петок ) во 13,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник од 8-ма и 9-та седница
1. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за 2026 година
2. Предлог- Правилник за условите ,критериумите и правилата за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка
3. Предлог-Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка
4. Предлог-Одлука За доделување на стипендии за ученици спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училишта на подрачјето на Општина Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година
5. Предлог-Одлука за за одобрување на финансиски средства за програмска активност „Финансиска поддршка за летување на деца“ од Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2026 година “.
6. Предлог -Одлука за за давање на согласност за трансфер на средства на КУЗ Карпош – Крива Паланка за реализација на активности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2026 година
7. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2027 година на ОЈУДГ „ДЕТЕЛИНКА“ КРИВА ПАЛАНКА
8. Предлог-Одлука за за утврдување на висина на износ на бесплатниот превоз за учениците од ООУ Илинден за релации за кои нема обезбедено линиски превоз за учебната 2026 – 2027 година
9. Предлог-Одлука за за утврдување на висина на износ на бесплатниот превоз за учениците од ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ за релации за кои нема обезбедено линиски превоз за учебната 2026 – 2027 година
10. Предлог-Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на недвижен имот – деловни простории во сопственост на Советот на Општина Крива Паланка со електронско јавно наддавање
11. Предлог-Одлука за за неприфаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Општина Македонска Каменица
12. Предлог-Одлука за за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2026/2027 година за СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка
13. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за работа на ОУД Боро Менков -Крива Паланка во учебната 2025-2026 година
14. Предлог-Одлука за донесување на годишната програма за работа на на Општински ученичкидом „Боро Менков“ – Крива Паланка за учебната 2026/2027 година,
15. Предлог-Одлука за збратимување на Општина Крива Паланка со Општина Тургутлу, Република Турција
16. Предлог-Решение за формирање Одбор за одбележување награди и признанија
на Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски , с.р




