ЈУБИЛЕЈНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КРВОДАРИТЕЛИТЕ – ПОЧИТ И ХУМАНОСТ

Во организација на Општинската организација на Црвениот крст, се одржа свеченост на која беа доделени јубилејни признанија и награди на крводарителите, луѓето кои со својата несебичност и хуманост спасуваат животи.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Крива Паланка, кој се обрати пред присутните и изрази искрена благодарност и почит кон сите крводарители за нивната благородна мисија.

Во своето обраќање тој истакна:

„Посебно ме прави горд фактот што како општина котираме на високо 7. место во државата по бројот на организирани крводарителски акции, тоа е доказ за силната хуманост и солидарност на нашите граѓани. Ми е чест што од оваа година и јас се приклучив на големото семејство на крводарители.“

Крводарителството претставува еден од највисоките облици на хуманост, чин кој спасува животи и гради посилна и посолидарна заедница.

Општина Крива Паланка и понатаму останува посветена на поддршка и промоција на сите активности кои ја негуваат хуманоста и човекољубието.

Големина на фонт
Контраст