Крива Паланка и оваа година е домаќин на јубилејното 40. издание на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, која од 25 јуни до 4 јули ќе обедини врвни уметници од Македонија, Јапонија, САД, Турција, Србија, Бугарија и Словенија.
Во текот на десетте дена, учесниците ќе творат инспирирани од природните убавини, културното наследство и духовноста на Осоговијата, оставајќи трајни уметнички дела како сведоштво за едно значајно јубилејно издание.
Четири децении традиција, меѓународна соработка и посветеност кон уметноста.
Во рамки на програмата:
26 јуни – Ретроспективна изложба во НУ Центар за култура и Градски музеј;
3 јули – Изложба на дела од 40. Ликовна колонија и концерт на класична музика во Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.
Добредојдовте да бидете дел од приказната која веќе 40 години ја слави уметноста и ги поврзува културите.





