ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УЧЕСТВУВА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 750 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ГРОС-ЦИМЕРН

Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, престојува во официјална посета на збратимениот град Грос-Цимерн, Сојузна Република Германија, по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 750 години од неговото постоење.

Во рамки на свечената програма, градоначалникот Митовски се обрати пред присутните гости, претставници на локалната власт, институции и граѓани, упатувајќи искрени честитки по повод значајниот јубилеј и истакнувајќи дека пријателството меѓу Грос-Цимерн и Крива Паланка претставува пример за успешно меѓународно партнерство засновано на доверба, почит и заеднички вредности.

„Нашите градови се разделени со стотици километри, но пријателството меѓу нашите граѓани одамна ги избриша тие растојанија. Вистинските мостови не се градат од камен и челик, туку од доверба, почит и искрена човечка блискост“, истакна градоначалникот Митовски во своето обраќање.

За време на посетата беа реализирани повеќе средби и активности насочени кон понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете општини.

Општина Крива Паланка останува посветена на развојот на меѓународната соработка и градењето силни партнерства кои придонесуваат за локален развој, културна размена и нови можности за граѓаните на двете заедници.

Големина на фонт
Контраст