ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ОСТВАРИ ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА МЕНЕМЕН – ИЗМИР, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Делегација предводена од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, оствари официјална посета на Општина Менемен – Измир, Република Турција, на покана на градоначалникот Aydın Pehlivan (Ајдин Пехливан).

Во рамки на посетата, делегацијата од Крива Паланка учествуваше и на традиционалниот Фестивал на јаготката, една од најзначајните манифестации во Менемен, која претставува симбол на локалната традиција, земјоделство, култура и меѓународно пријателство.

За време на средбите беше изразена заедничка подготвеност за воспоставување и продлабочување на институционалната соработка помеѓу двете општини во повеќе области од заеднички интерес.

Со особено задоволство беше истакнато дека Општина Крива Паланка ќе биде првата официјално збратимена општина на Менемен, а постапката за збратимување е веќе започната и се очекува наскоро да биде официјализирана при возвратната посета на делегацијата од Менемен на Крива Паланка.

Општина Крива Паланка продолжува активно да ја развива својата меѓународна соработка, градејќи нови партнерства и пријателства во насока на локален развој, размена на искуства и поврзување на заедниците.

Големина на фонт
Контраст