Презентација на германската компанија VOLAPLAST OOD за можности за вработување

Општина Крива Паланка ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на презентација на реноминараната германска компанија VOLAPLAST OOD – со седиште во Ќустендил, Република Бугарија, специјализирана за производство на автомобилски делови за брендовите BMW и Mercedes.

Настанот ќе се одржи на 28 април 2026 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Општина Крива Паланка.

На презентацијата ќе присуствуваат претставници од менаџментот на компанијата:

  • Ивон Герлах – прокурист,
  • Николита Калвин – раководител на производство,
  • Жоро Илиев – директор.

Во рамки на настанот ќе бидат претставени можностите за вработување во компанијата, условите за работа, како и перспективите за професионален развој и кариерно напредување во автомобилската индустрија.

VOLAPLAST OOD работи во Бугарија од 2021 година и моментално брои околу 120 вработени. Компанијата е дел од автомобилската индустрија и соработува со реномирани светски производители.

Општина Крива Паланка ги охрабрува сите заинтересирани граѓани за вработување да присуствуваат на презентацијата и непосредно да се информираат за понудените можности за работа во оваа реномирана германска компанија.

Големина на фонт
Контраст