Со цел подобрување на патната инфраструктура и условите за сообраќај, во Крива Паланка во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Св. Јоаким Осоговски“, каде денеска увид изврши градоначалникот Сашко Митовски.
Реконструкцијата се реализира на потегот од населбата „Единство“ до спојот со државниот пат А1, во должина од 1.920 метри, при што се изведуваат и работи за изградба на атмосферска канализација, со што ќе се овозможи подобро одведување на атмосферските води и ќе се подобрат условите за безбеден и непречен сообраќај на оваа делница.
Должината на трасата на која интензивно се работи изнесува 1.920 метри. Финансиските средства за реконструкција се обезбедени преку Министерството за транспорт, со кофинансирање од Буџетот на Општина Крива Паланка, во рамки на развојната програма за периодот 2025–2027 година, во износ од 4.064.834 денари.
Вкупната вредност на проектот изнесува 60.259.853, денари со вклучен ДДВ, а изведувач на градежните работи е економскиот оператор „Конструктор ДОО Експорт-Импорт Скопје“.
Надлежните општински служби континуирано ќе вршат редовен надзор и контрола врз изведбата на работите, со цел обезбедување квалитетна, успешна и навремена реализација на проектот од страна на ангажираните економски оператори.
Со ваквите инфраструктурни зафати, Општина Крива Паланка продолжува со реализација на конкретни инвестиции и со континуирани активности насочени кон подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на граѓаните во сите населени места во општината.




