Пуштени во употреба нови спортски трибини на стадионот во Крива Паланка

Во Крива Паланка денес официјално беа пуштени во употреба новите спортски трибини на фудбалското игралиште, инвестиција со која значително се унапредува спортската инфраструктура во градот и се подобруваат условите за следење на спортските натпревари и настани.

Новите трибини се со капацитет од 1050 седишта и претставуваат значајно надградување на постојниот спортско-рекреативен комплекс, кој со оваа инвестиција дополнително се профилира како современ простор за спорт, рекреација и здрав начин на живот, достапен за сите генерации – спортисти, рекреативци и љубители на спортот.

Изведувач на работите е ДГПТУ „Дине Трејд“ ДОО, додека надзорот и техничкиот преглед ги вршеше „МГ Проект“ ДООЕЛ Скопје. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3.402.810 денари со вклучен ДДВ.

Со реализацијата на овој проект се заокружува уште еден важен сегмент од развојот на спортската инфраструктура во општината, создавајќи подобри услови за одржување спортски натпревари, тренинзи и други спортски настани, но и простор за заедничко дружење и спортски емоции за граѓаните.

Општина Крива Паланка ќе продолжи со вложувањата во спортот и во наредниот период, со цел да се поттикнат здравите животни навики кај младите и да се создадат услови за развој на нови спортски таленти и успеси.

Новите трибини веќе се подготвени да ги пречекаат љубителите на спортот, кои отсега ќе можат да уживаат во уште подобра атмосфера и спортски натпревари на градскиот стадион.

Големина на фонт
Контраст