„Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2026“ на 1 март во Конопница

Општина Крива Паланка ги финализира подготовките за одржување на традиционалната културна манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2026“, еден од најрепрезентативните и најавтентични симболи на нематеријалното културно наследство на кривопаланечкиот крај.

Годинешното, 16-то по ред издание, ќе се одржи во недела, на 1 март 2026 година, во црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница – место каде вековната традиција, духовноста и народниот обичај се спојуваат во уникатен постсвадбен ритуал, препознатлив во поширокиот регион.

Право на учество имаат сите снаи кои склучиле брак во периодот помеѓу двете Тодорови саботи, придружувани од своите свекрви, облечени во традиционални народни носии – впечатлива и симболична глетка што ја отсликува суштината на семејните вредности, почитта и заедништвото во македонската традиција.

Годинава, покрај традиционалниот обреден дел, програмата ќе биде збогатена и со културно-уметничка содржина, во која ќе настапи познатата македонската фолк пеачка и водителка Андријана Алачки, како и популаниот бенд „Синтезис“ предводен од виртуозот на кавал, зурла и гајда – Гоце Димовски, чија музика инспирирана од македонскиот фолклор ќе придонесе за дополнителна атмосфера и доживување на настанот.

Се очекува и оваа година манифестацијата да привлече бројни посетители, љубители на традицијата и добронамерници, кои со особено внимание го следат развојот на овој редок и жив културен обичај, што успешно се пренесува од генерација на генерација.

Манифестацијата се реализира под покровителство на Општина Крива Паланка, во организација на Здружението за рурален развој РЗР „Патник“, со поддршка од Месната заедница на с. Конопница, Центарот за култура и Градскиот музеј Крива Паланка, со заедничка мисија – зачувување, негување и промоција на нематеријалното културно наследство на регионот.

Општина Крива Паланка упатува отворен повик до сите граѓани да присуствуваат и заеднички да бидат дел од оваа уникатна манифестација – жив симбол на традицијата и локалниот идентитет.

Посебен повик е упатен до младите снаи и свекрви, чие активно учество е о„Невестинско поклонение 2026“ на 1 март во Конопница д исклучително значење за продолжување на оваа ретка и вредна традиција.

Место на одржување: Црква „Св. Теодор Тирон“, с. Конопница – Крива Паланка

дата и време:  Недела, 1 март 2026 година – 13.00 часот

Големина на фонт
Контраст