Активности за чистење на диви депонии во општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка, во првата декада од месец февруари 2026 година, организираше и реализираше низа активности за собирање на местимично акумулиран отпад и чистење на неуредени јавни површини. Активностите беа спроведени преку ангажирање лица од Програмата на АВРСМ, како составен дел од втората област на Програмските активности за вршење јавни работи, во делот на заштита и унапредување на состојбата на животната средина.

Во таа насока беше спроведено собирање на разновиден отпад од непосредната околина на маркетите КАМ, Кипер и Стокомак, како и од околината на поранешни индустриски капацитети, меѓу кои: „Карпош“, „Кланица“, „Треска“ и други помали објекти.

Исто така, се собираше отпад и од речните регулациони корита на Крива Река, Домачки Дол, долниот дел од долот „Единство“, како и покрај патот кон локалитетот „Ловачки“.

Во рамки на овие активности се собрани над 300 најлонски вреќи со различен вид отпад, кои Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги транспортираше и депонираше на комуналната депонија.

Големина на фонт
Контраст