Центар за култура

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

Националната установа Центар за култура – Крива Паланка е единствена институција од ваков тип во Општина Крива Паланка и претставува централно место на културниот живот во општината. Како културно средиште, НУЦК покрај реализацијата на своите матични културни програми, презентира и културни содржини од други домашни и меѓународни институции, овозможувајќи им на граѓаните пристап до културни и уметнички вредности од земјата и странство.

Во рамките на Националната установа Центар за култура функционираат:

  • Културно-уметничкото друштво „Осми Октомври“
  • Литературниот клуб „Калин“
  • Балетската група за модерен балет
  • Работна единица на Работничкиот универзитет
  • Драмската секција

Основни податоци

Локација:
ул. „Свети Јоаким Осоговски“ бр. 226, Крива Паланка

Година на основање:
14.09.2007 година

Раководно лице:
Сашко Додевски

Управни органи – Управен одбор:

  • Игор Додевски
  • Методи Додевски
  • Даниела Петровска
  • Ацо Златановски

Вработени:

  • Со високо образование: 3 жени и 4 мажи
  • Со средно образование: 1 жена и 7 мажи

Работно време:
Од 08:30 до 16:30 часот, секој работен ден, како и согласно потребите за одржување на настани

Капацитет:
Кино сала со 365 седишта

Големина на фонт
Контраст