Теренска посета на градоначалникот Митовски кај корисници на услугата помош и нега во домашни услови

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со претставници на Црвен крст – Крива Паланка, оствари теренска посета кај дел од корисниците на услугата помош и нега во домашни услови, со цел непосреден увид во квалитетот и ефектите од нејзиното спроведување.

Во рамки на посетата беа остварени разговори со корисниците, при што беа истакнати нивното задоволство, благодарност и чувството на сигурност што го добиваат преку редовната грижа и внимание во сопствените домови. Позитивните реакции од корисниците претставуваат јасна потврда дека услугата успешно ја исполнува својата основна цел – обезбедување континуирана поддршка, хумана грижа и достоинствен живот за лицата на кои им е најпотребна.

Услугата помош и нега во домашни услови се реализира континуирано, во соработка со Црвен крст – Крива Паланка, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, што овозможува нејзино стабилно и непречено спроведување.

Градоначалникот Митовски нагласи дека задоволството и искрената благодарност од корисниците се најсилен показател за значењето на оваа услуга и силна мотивација за нејзино понатамошно унапредување, како дел од заложбите на општината за јакнење на локалната социјална грижа.

Големина на фонт
Контраст