Основно образование

JoakimОпштинско Основно Училиште „СВ.ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“

Основање: Според податоците Училиштето е формирано во предвоена Југославија во 1925 година.

Корените на нашето училиште датираат уште од 1945 година, кога е основана Неполна гимназија во Крива Паланка, која во 1953 година се трансформира во осмолетка -„Јоаким Крчовски“. Училиштето е верифицирано со решение бр.10-1639/3 од 13.07.1995 година.

Со Решение од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија со бр.УП 1 18-108 од 10.04.2023 година името на училиштето е променето од ООУ,,Јоаким Крчовски“ во ООУ,,Свети Јоаким Крчовски“ .

Во учебната 2026/27 година наставата во училиштето се реализира во матичното училиште,  во зградата ,,Партизан и во четири подрачни училишта и тоа во с.Жидилово, с.Подржикоњ, с.Луке и с. Нерав.

Училишен одбор:
1.Лидија Младеновска -претставник од Совет на родители
2.Дејан Апостоловски- претставник од Совет на родители
3.Гордана Ристовска- претставник од Совет на родители
4.Анка С.Николовска -претставник од редот на наставници
5.Ненко Иванов -претставник од редот на наставници
6.Христијан Гоговски- претставник од редот на наставници
7.Клаудија Тројановски -претставник од основачот

Вработени според образование и според пол
високо образование :мажи 23, жени74
вишо образование: мажи 3 , жени 1
средно образование: мажи 8, жени 11
основно образование: мажи 3, жени 1
Работно време : од 6 часот до 20 часот
Адреса: ул. ,,Свети Јоаким Осоговски“ бр.139 Крива Паланка

Телефон/факс: 031-375-132
Веб страна: https://joakimkrcovski.edu.mk
Емаил контакти: oujoakimkrcovski@yahoo.com, ou-joakimkrchovski-krivapalanka@schools.mk

Одговорно лице: Анета  Стојковска
Телефон: 076436447

Самоевалуација на ООУ „Јоаким Крчовски“ за периодот 2020-2022
Извештај од самоевалуација на ООУ „Јоаким Крчовски“ за периодот 2020-2022

oou-ilindenОпштинско Основно Училиште „ИЛИНДЕН“

ООУ „Илинден“ Крива Паланка е изградено 1974 година и формирано со одлука на влада на Република Северна Македонија број 23-1898 од 03.06.1996 година, а верифицирано со решение број 10-2481/3 од 02.09.1996 год. Од учебната 1996/97 г. нашето училиште со голем ентузијазам започна со средување и опремување на училиштето создавајќи услови за непречена реализација на воспитно образовниот процес.

Во 2026/27 година наставата во нашето училиште се реализира во објектот во матичното училиште како и во уште два објекти лоцирани во с. Конопница и с. Мождивњак од I до IX одд.

Нашите објекти имаат солидни услови за работа како за редовната настава така и за воннаставните активности.

Училишен одбор:
1. Аце Трајчевски претставник од редот на наставници
2. Синиша Стаменковски претставник од редот на наставници
3. Јасмина Станковска претставник од редот на наставници
4. Сашка Пешовска претставник од Совет на родители
5. Виолета Илиевска претставник од Совет на родители
6. Антонио Додевски претставник од Совет на родители
7. Христина Илиевска претставник од основачот

Вработени според образование и според пол
посдипломски студии:
мажи 2 , жени /
високо образование :мажи 15, жени 46
вишо образование: мажи / , жени 1
средно образование: мажи 8, жени 6
основно образование: мажи 1, жени /

Адреса: ул. Наско Tамбурков, бр.80, Крива Паланка
Телефон/факс: 031-375-078
Веб страна: oouilinden.edu.mk
Емаил контакти: ouilinden@yahoo.com, ou-ilinden-krivapalanka@schools.mk
Одговорно лице: Снежана Златковска
Телефон: 076 448 477