Известување по Закон за постапување со бесправно изградени објекти

Се известуваат сите граѓани на Општина Крива Паланка кои имаат поднесено барање согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а за кои се уште не е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, поради некомплетност на барањата, должни се да ја достават потребната документација за дополнување на барањата најдоцна до 04.03.2026 година.

Напоменуваме дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти е со важност до 04.03.2026 година, односно 15 години од денот на стапување на сила на овој закон и по истекот на овој рок нема да постои законска можност за постапување по некомплетирани барања.

По истекот на наведениот рок, постапките ќе се водат согласно важчките законски прописи.

Големина на фонт
Контраст