ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВO БОГОЈАВЛЕНСКИОТ ЧИН НА ПОЛОЖУВАЊЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ НА КРИВА РЕКА

Во духот на големиот христијански празник Богојавление – Водици, празникот на Божјото јавување и осветувањето на водите, ги повикуваме сите храбри православни верници кои со вера и благослов сакаат да учествуваат во светиот чин на положување на чесниот и свет животворен крст во водите на реката Крива Река, да го пријават своето учество.

Пријавувањето се врши во Градската црква „Св. Великомаченик Димитриј“, кај Кривопаланечкото архиерејско намесништво, секој работен ден во периодот од 07:00 до 14:00 часот.

Право на учество имаат сите полнолетни лица кои се во добра здравствена состојба и кои при пријавувањето ќе достават медицинска потврда од матичен лекар.
Со вера, молитва и благослов, да го прославиме празникот на Христовото Богојавување.

 

Големина на фонт
Контраст