На 16.12.2025 година се одржа 11-тата Ораторска вечер во Крива Паланка, настан кој веќе 11 години ја негува културата на говорот и моќта на зборот кај младите од СОУ „Ѓорче Петров“.
Учениците со поддршка на менторите, професорките од активот по македонски јазик и литература, подготвија одлични беседи, искажувајќи го своето мислење и доживување на теми за љубовта, моралот и вистинските човекови вредности и покажаа дека зборот има сила да допре, да инспирира и да менува.
Победник на ораторската вечер е Михаела Ивановска, второнаградена е Ева Величковска ученички од II година, а третото место и припадна на Ана Велковска од IV година.
Честитки до раководството на училиштето и до тимот на професори по македонски јазик кои веќе 11 години посветено создаваат млади, самоуверени и силни оратори.
Овој прекрасен настан беше интересен за многубројната публика од јавниот живот во градот, професори, наставници и ученици, како и преставниците од општинската администрација и градоначалникот Сашко Митовски, кој обезбеди и симболични награди за најдобрите и упати искрени честитки за наградените ученици и за организаторите, во насока на континуираната поддршка на активностите кои го афирмираат и потикнуваат говорништвото, образованието, културата и младинскиот потенцијал.




