Соопштение за организирање на јавна анкета и  јавна презентација по втор пат за Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

Врз основа на член 27 и 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25) и член 23 од статутот на општината Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10,  8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23, 05/24 и 09/24), градоначалникот на општината Крива Паланка донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна анкета и  јавна презентација по втор пат за Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

Јавната анкета по втор на горенаведениот план ќе се одржи од 24.12.2025 година до 15.01.2026 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациските табли на општаната Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.

Јавната презентација по втор пат за Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 12.01.2026 година со почеток во 10,00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Планскиот опфат кое е предмет на уредување на Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка зафаќа површина од 4,57 ха и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок И-13, со плански опфат кој е дефиниран со следниве граници:

– од западна страна границата оди по осовина на дол Единство,
– од северна страна границата е по осовина на Крива Река,
– од јужна страна границата е по осовина на ул. “Св. Јоаким Осоговски”,
– од источна страна границата е по осовина на дол Нимулија.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем на е-урбанизам.

                                                                                      ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                                 Сашко Митовски

АНКЕТЕН ЛИСТ
ДУП И13

Големина на фонт
Контраст