Врз основа на член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Крива Паланка, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка бр.08-6048/1 од 06.11.2025 година, Општина Крива Паланка објавува
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ – ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2026 ГОДИНА
Општина Крива Паланка заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес распишува Јавен повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Крива Паланка за 2026 година. Предлог – проектите, активностите и програмите треба да се однесуваат на активности од областа на КУЛТУРАТА кои ќе бидат насочени кон унапредување на културниот живот во Општина Крива Паланка и реализирање на нејзините програмски цели во областа на културата.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВЕН ПОВИК
Согласно овој Правилник финансиските средства од Буџетот на Општина Крива Паланка можат да бидат доделени на физички лица со живеалиште на подрачјето на општина Крива Паланка (уметници и самостојни уметници) кои вршат дејност од областа на културата, правни субјекти кои вршат дејност од областа на културата на подрачјето на Општина Крива Паланка (установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни субјекти регистрирани на територија на општина Крива Паланка), согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат критериумите од овој Правилник, ја доставиле потребната документација.
Секој апликант може да поднесе само едно барање по Јавниот повик, но истото може да опфаќа реализација на повеќе настани или активности поврзани со областа за која се аплицира.
Апликанти кои имаат финансиски долгови кон Општината, нереализирани активности или недоставени извештаи од претходно одобрени проекти немаат право на учество на јавниот повик
ОБЛАСТИ ЗА УЧЕСТВО НА АПЛИКАНТИТЕ
Општина Крива Паланка ќе додели финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата, во следниве области:
– Изведбени уметности
– Музички уметности
– Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
– Издавачка и библиотечна дејност
– Промоција на културното наследство
– Креативни индустрии
1. Изведбени уметности:
– негување и презентација на националното драмско и музичко – сценско творештво од различни уметнички стилови и жанрови со застапеност на традиционални и современи автори;
– работилници со млади како и со лица со посебни потреби од областа на драмските и музичко – сценските уметности;
– поддршка на театарски фестивали;
– презентирање и промоција на македонскиот фолклор
– презентирање на македонскиот фолклор на фестивали и манифестации што се оддржуваат во градови од други држави со кои Крива Паланка има воспоставено соработка, а за што мора да биде доставена и покана од организаторот на манифестацијата.
2. Музички уметности:
– промоција и изведба на музички дела и творештво со стилска и жанровска разновидност;
– поттикнување и изведба на нови музички форми и изрази;
– поддршка на музички фестивали и македонски музичари;
– поддршка на концерти на млади музичари – изведувачи и композитори и
– поддршка на концерти на отворени јавни простори
3. Визуелните уметности и уметноста на новите медиуми:
– ретроспективно – монографски изложби од особено значење за Општина Крива Паланка што одразуваат континуитет во уметничкото дејствување на територијата на Општината потврдени од ликовната критика и историјата на уметноста;
– самостојни, групни и други проекти од земјава што ги промовираат современите уметнички форми и изрази и придонесуваат за развој на современиот ликовен јазик во Општината;
– промоција и развој на современата урбана уметност со акцент на користење на јавните површини како и други алтернативни простори за презентација на уметничките дела во Општината;
– поддршка на филмска уметност;
– изложбени проекти од областа на креативните индустрии и
– изложби и проекти на млади уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми.
4. Издавачката и библиотечната дејност:
– издавање на книги и електронски изданија, публикации, монографии, зборници што обработуваат теми од современиот живот и историјата на општина Крива Паланка;
– поддршка на книжевно творештво со високи вредности од автори кои творат на македонски јазик;
– дела со исклучителна културна вредност, монографии, стручни публикации, како и дела што се резултат на истражувачи проекти за Општина Крива Паланка;
– издаваштво наменето за деца и млади;
– за дела на автори со прво издание задолжителни се две (2) рецензии и
– за дела на автори со повеќе издадени книжевни дела, задолжителна е една (1) рецензија.
5. Промоција на културното наследство:
– презентација, популаризација и промоција на културното и историско наследство во Општина Крива Паланка;
– користeње на културното наследство како ресурс за развој на туризмот;
– организирање на кампањи, работилници и предавања за промоција и значењето на културното наследство на територијата на Општина Крива Паланка.
– обезбедување континуитет на традиционалните културно-уметнички манифестации од локален карактер
6. Креативни индустрии :
– поддршка и иницирање на нови активности за развој и поттикнување на креативните индустрии, организирање на фестивали за креативни индустрии; – создавање услови за работата во областите на креативните сектори (ИТ, нови медиуми, видео – филм и анимација, современ продукт – дизајн, индустриски, моден, мебел – дизајн и друго);
– промоција на вредности, производи и услуги од областа на креативните индустрии како што се: дизајн (индустриски, графички, моден дизајн), мебел дизајн и архитектура, аудио – визуелени уметности, нови медиуми, ИТ технологии, изведбени уметности и други;
– поттикнување на претприемачките и бизнис вештини кај младите, уметниците, дизајнерите и поединците/групите во рамките на креативните сектори;
– стимулација, реализација, презентaција и развој на креативните потенцијали кај децата и младите, за остварување на креативни проекти.
Апликантите – правните субјекти и физичките лица кои учествуваат на Јавниот повик, се должни да ја достават и следнава документација:
Правните субјекти – установи од областа на културата, здруженија на граѓани, невладини организации, фондации и други правни лица да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Крива Паланка: https://www.krivapalanka.gov.mk/);
б) Копија од Решение за упис во Централен регистар на Република Северна Македонија;
в) Копија од Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
г) Потврда за отворена и активна жиро сметка со банката;
д) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти, програмски активности и манифестации во последните три години.
Физичките лица – уметници и самостојни уметници да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Крива Паланка: https://www.krivapalanka.gov.mk/;
б) Кратка биографија и СV на апликантот;
в) Доказ за жителство во општина Крива Паланка;
г) Минимум 1 референца за реализирана уметничка активност;
д) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на апликантот, не ополномоштена од трето лице, а доколку барателот е малолетно лице трансакциската сметка треба да е исклучиво лична на барателот ополномоштена од родител/старател).
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог идеја (програма, проект, активност од областа на културата),преку Архивата Општина Крива Паланка до Одделение за јавни дејности каде детално во образецот/пријавата, апликантот истата ќе ја образложи за која ќе достави и финансиски план за реализација во соодветна финансиска рамка. Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, активноста за кои учесникот на Јавниот повик смета дека е потребно да ги достави.
Прифатените предлог идеи кои ги исполнуваат критериумите ќе станат составен дел од програмата за култура и истите ќе се реализираат во текот на годината согласно поднесената пријава.Комисијата може да побара дополнување на пријавата, наместо автоматски да ја одбие.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта,рачно пополнетии и нецелосно пополнети предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат и пријави кои се поднесени од субјекти/лица кои претходната година не поднеле извештај. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен плик до Општина Крива Паланка, ул. „Св. Јоаким Осоговски“ бр. 175, 1330 Крива Паланка со назнака за „Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на културата на општина Крива Паланка за 2026 година“ – во архивата на Општина Крива Паланка.
Јавниот повик ќе трае 10 дена од денот на објавување, односно од 07.11.2025 до 17.11.2025 година
Доставените пријави по Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Крива Паланка ги разгледува Комисија за евалуација и избор на проекти која ја формира Градоначалникот на општина Крива Паланка.
Прифатените предлог идеи кои ги исполнуваат критериумите ќе станат составен дел од програмата за култура и истите ќе се реализираат во текот на 2026 година согласно поднесената пријава.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта,рачно пополнетии и нецелосно пополнети предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат и пријави кои се поднесени од субјекти/лица кои претходната година не поднеле извештај. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Комисијата ќе ги прифати пријавите кои согласно критериумите и бодовните листи утврдени со Правилникот ќе обезбедат најмалку 60 бодови и ќе се бодуваат на следниот начин:
| Критериум | Вредност на бодови |
| Придонес на проектот во реализацијата на програмските цели на Општината | 20 |
| Усогласеност со надлежностите на Општината | 25 |
| Стручност, искуство и компетентност на подносителот на апликацијата во спроведувањето на проектната активност | 20 |
| Реален буџет и оправданост на трошоците | 20 |
| Процент на учество на подносителот на апликацијата во проектниот буџет | 5 |
| Вклученост на други општински институции, граѓански организации или граѓани | 10 |
| Вкупно | 100 |
Средствата доделени по овој Јавен повик можат да се користат само за прифатливи трошоци поврзани со реализација на одобрените проекти и програмски активности од областа на културата.
Прифатливи трошоци се трошоци кои се директно поврзани со реализација на активностите и се неопходни за нивно спроведување, и тоа:
– Трошоци за персонал (хонорари за уметници, изведувачи, обучувачи, технички лица и друг ангажиран кадар поврзан со проектот/активноста);
– Трошоци за материјали и услуги (набавка на уметнички, сценски, промотивни и други материјали потребни за реализација на проектот/активноста);
– Трошоци за закуп на простор и техничка опрема доколку е директно поврзана со активноста;
– Трошоци за промоција и маркетинг на активностите (дизајн, печатење, медиумска промоција, веб-промоција);
– Трошоци за патување и сместување поврзани со реализацијата на активностите (доколку се оправдани и поврзани со проектот/активноста);
– Трошоци за храна и освежување поврзани со реализација на проектот/активноста.
Неприфатливи трошоци се:
– Трошоци кои не се поврзани со проектната активност;
– Трошоци за купување недвижен имот и возила;
– Трошоци за покривање на банкарски провизии, долгови, камати, казни и судски трошоци;
– Трошоци за алкохол, тутун и слични производи;
– Трошоци финансирани со повлекување на готовина од трансакциска сметка;
– Трошоци кои се финансирани од други извори.
Напомена:
Општина Крива Паланка може да го поништи Јавниот повик доколку:
– не е пристигната ниту една пријава;
– пријавите кои се пристигнати не ги исполнуваат утврдените критериумите
Општина Крива Паланка Градоначалник
Сашко Митовски




