Соопштение за посебен режим на одвивање на сообраќајот по главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ -делница од дол Единство до спој со државен пат А1

Согласно со чл. 52, 53 и 54 од  Законот за јавните патишта (службен весник на Република Македонија бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16),и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.174/21, 253/23, 224/24 и 135/25) Општина Крива Паланка го објавува следново:

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека почнувајки од 07.10.2025 год. па се до завршување на градежните работи ќе важи посебен режим на одвивање на сообраќајот по главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ -делница  од дол Единство до спој со државен пат А1.

Времениот режим на сообраќај е поради Реконструкција на улицата и изведба на атмосферска канализација. Погоре наведеното ќе биде регулирано со поставување на соодветна времена сообраќајна сигнализација, како и од самиот Изведувач на работите.

Се молат жителите на Крива Паланка  да имаат разбирање за отежнатото движење на овој потег од улицата и да ја почитуваат времено поставената сообраќајна сигнализација како и регулирањето на сообраќајот од Изведувачот.

Општина Крива Паланка
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                                  Сашко Митовски

 

Големина на фонт
Контраст