Во рамки на одбележување на денот на ослободување на Крива Паланка „8-ми Октомври“, денес се одржа свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка, која воедно е и последната седница во овој состав на Советот на Општината, пред одржувањето на престојните локални избори.
По тој повод, на свечената седница се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој пред присутните на свечената седница и на сите граѓани, најпрвин им го честиташе најсветлиот ден во историјата на нашиот град, денот на ослободувањето „8-ми Октомври“, а во продолжение ги елаборираше постигнати резултати и реализирани проекти и активности од досегашната заедничка работа, во мандатот од 2021 до 2025 година.
Обраќање на градоначачлникот Митовски
Градоначалникот Сашко Митовски, на крајот на своето обраќање изрази голема благодарност до сите присутни и до граѓаните на Крива Паланка, за довербата за заедништвото и љубовта кон Крива Паланка, со следните зборови:
„Благодарам на секој, што веруваше и што беше дел од патот кон подобар живот на нашата заедница. Со истата љубов и посветеност што нè обединија, да продолжиме по патот на успехот. Да продолжиме да ги делиме надежите, предизвиците и соништата. Да постигнуваме нови дела и да испишеме нови страници во нашата историја. Да отвориме нови патишта за развојот и да го водиме нашиот град кон иднина каква што му доликува. Да создадеме град кој не само што го сакаме, туку и го заслужуваме.
Нека не водат истата енергија и храброст што ни ја оставија нашите ослободители на патот кон модерна и просперитетна Крива Паланка. Да го чуваме нивниот завет, да останеме сплотени и да покажеме дека кога градот се води со срце и длабока поврзаност, секој чекор е победа. Од срце Ви благодарам на сите !
На сите раководители од општинската адмнстрација, на секој советник, на претседателката на совет, на сите директори на локалните институции, а пред се најмногу благодарам на граѓаните кои ни веруваа и ни ја пружаа нивната секојдневна безусловна поддршка“.
Во рамки на Свечената седница, од страна на Советот беше усвоена Oдлука за доделување на следните награди:
• Наградата „8-ми Октомври“ на г-дин Предраг Велиновски – за неговиот професионален труд и ангажман во областа на градежништвото, образованието, културата и зачуваување на верското наследство кои придонесоа за развој и афирмација на Крива Паланка.
• Наградата – „ Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ на ТППЕ Крива Паланка – за својата исклучителна професионалност, пожртвуваност, храброст, континуирана модернизација, регионална и меѓународна соработка, како и образовна и хуманитарна улога.
• Признанија за промоција и развој на Општина Крива Паланка во чест на празникот на Општината „8-ми Октомври“ за 2025 година се доделуват на:
1. Г-дин Деjвид Зекиров, самостоен уметник–музичар, за неговата посветеност и придонес во збогатување накултурниот живот во Крива Паланка;
2. Г-ѓа Лариса Жулина Митовски ,просветен работник – за значајни постигнувања во музичката педагогија и долгогодишен придонес во музичкото образование;
3. Г-дин Јане Денковски, волонтер во Црвен крст – за исклучителен придонес во хуманитарната работа и социјалната заштита;
4. Г-дин Стојанче Костовски, планинар – за истрајност и изворедни достигнувања во планинарството;
5. Г-дин Стојо Милковски, градежен инжинер – во знак на почит кон неговото животно дело и трајниот придонес во градежништвото и афирмација на градот ;
6. Г-ѓа Наталија Лековска, просветен работниик во Истра Република Хрватска – за промоција на македонската култура и традиција и зачувување на националниот идентитет меѓу младите генерации;
7. Г-ѓа Катица Борисовска, планинар – за истрајност во планинарството и негување на традиционалната храна и култура;
8. Здружение на пензионери на Крива Паланка – за зачувување на фолклорот, традицијата и локалните обичаи.
Благодарници во чест на празникот на Општината „8-ми Октомври“ за 2025 година се доделуват на:
1. Друштво за произвотство трговија и услуги: Ливе Баг 2016 ДООЕЛ Крива Паланка, реномирана компанија за ранци – за партнерство и подршка во обаразованието;
2. ДММ Дрекселмајер Мануфактуринт Македонија ДООЕЛ, фирма за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила–за придонес кон економскиот развој и подршка на локалната заедница;
3. Друштво за продукција на медиска содржина: МЕН ЕНД МАУНТЕН ДОО Скопје, иницијатори и организатори на Генералка викенд – за подршка и активен придонес во делот на заштита и зачувување на животната средина;
4. Друштво за произвотство ,промет и услуги: Дема-Стил ДОО увоз-извоз, претпријатие за производство на амбалажа од пластични маси за пакување – за унапредување и вложување во нови технологии и подршка на локалниот економски развој;
5. Г-дин Огнен Атанасов, градоначалник на Општина Ќустендил Р.Бугарија – за помош во справување со пожарите и зајакнување на меѓуопштинската соработка;
6. Г-ца Христина Стојчевска, самостоен уметник – за развојот на сакралната уметнот и афирмација на културното наслетсво.
Свеченоститите по повод „8-ми Октомври“, Денот на ослободување на Крива Паланка, продолжуваат во среда 8-ми октомври, кога со програмата за свечениот настан, е предвидено полагање цвеќе на спомен бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба пред општинската зграда во 12.00 часот, Свечена академија во НУ Центар за култура во Крива Паланка од 13.00 часот на која и официјално ќе бидат доделени општинските награди, како и манифестацијата „Шопска Софра“ од 15.00 часот.







