Согласно со чл. 52, 53 и 54 од Законот за јавните патишта (службен весник на Република Македонија бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16),и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.174/21, 253/23, 224/24 и 135/25) Општина Крива Паланка го објавува следново:
СООПШТЕНИЕ
Почитувани граѓани,
Во текот на наредните денови, а согласно со Програмата за уредување на сообраќајна сигнализација за 2025 на подрачјето на Општина Крива Паланка, почнувајки од 14.08.2025 год. ќе се врши хоризонтално обележување на делови од главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ и раскрсници со приклучни улици, како и јавни површини наменети за такси стојалишта и паркинг простори.
Поради изведување на работите околу обележувањето сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има наизменично пропуштање на возила по една коловозна лента.
Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното, да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните знаци и насоките од Изведувачот на работите за хоризонталното обележување.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски