Општина Крива Паланка ги известува сите правни лица кои се заинтересирани за поставување на продажен штанд на претходно утврдена локација од страна на Општина Крива Паланка на една локација и тоа:
– „Спортски комплекс“ локација VII под број 26,27 и 28 (штанд, тезги и типски објекти) и број 1 и 2 (монтажно-демонтажни објетки)
за временски периодот од 29.08.2023 година и 30.08.2023 година, дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираната локација во период од 29.07.2025 година па се до искористување на локациите
Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на поставување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на штандот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за поставување на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за постaвување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.
- Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на:
Храна и пијалоци.
Штандовите кои ќе бидат поставени од страна на правни лица, ќе имаат можност да бидат со работно време според времето на траење на манифестациите, секој ден, за временскиот период од 29.08.2025 година и 30.08.2025 година.
Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Одделение за урбанизам и заштита на животната средина