На денешниот состанок 28јули во просториите на Општина Крива Паланка на кризниот штаб за заштита и спасување, градоначалникот Сашко Митовски изрази благодарност до сите јавни служби и граѓани кои учествуваа во борбата со огнената стихија што го зафати с.Нерав.
Командантот на општинскиот штаб за заштита и спасување , Изабела Павловска го претстави дневниот ред и ја претстави актуелната ситуација и моментална состојба со пожарот во с.Нерав.
Од извештајот е приложеното дека на 26.07.2025 година, во 14часот , по пријавата за пожар во с.Нерав, веднаш се испратени противпожарни возила на терен.
Станува збор за шумски пожар во борова шума. Поради засилениот ветер пожарот се движел брзо и крошнасто што ја отежнувало борбата со оганот.
Во гаснењето на пожарот активно учество земаа:
●Противпожарна единица Крива Паланка
●Градоначалникот Сашко Митовски
● ЈП Национални шуми
●Волонтери и локално население
●МВР
●Црвен Крст Крива Паланка
На состанокот учество земаа членовите на кризниот штаб и донесоа низа на заклучоци и препораки . И тоа:
1. Противпожарната единица да направи нова проценка и потребна интервенција;
2.Црвен Крст( обезбедување храна и вода, со посебна грижа за деца и повозрасни)
3.Обезбедување радио врска ( алтернатива : ловечки друштва)
4. Дронско снимање за поефективен увид;
5.Засилена мешана патрола за време на празниците;
6. Ангажирање на волонтери по потреба;
7.Проценка за евентуална потреба од државна помош.
Огромна благодарност до сите што несебично се вклучија и во текот на ноќта, во отежнати услови и тежок пристап, во борбата со огнената стихија. Во вакви ситуации вашата пожртвуваност и несебичност се од огромно значење.
Апел!
-Следете ги препораките;
-Избегнувајте непотребно движење во зафатените предели;
-Соработувајте со институциите;
– Навремено пријавувајте; Секоја заедничка интервенција и соработка меѓу граѓаните и институциите може да спаси животи и животната средина.
Крива Паланка, 28.07.2025 година.