Итно известување до граѓаните на Крива Паланка

Општина Крива Паланка повикува на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река.

Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од општината се на терен, се превземаат сите мерки, состојбата е под контрола.

Поради обилните врнежи  дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, Домачки Дол, Куков Дол, а надојдените водотеци,  долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река.

Се повикуваат сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните кадешто има појава на свлечишта.

Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000.