Прво место на регионален натпревар по детски семафор

Еипата од ООУ Илинден под менторство на наставничката Даница Крстевска на ден 29.04.2012 година учествуваше на регионален натпревар во ДЕТСКИ СЕМАФОР одржан во Општина Старо Нагоричане и го освои првото место на екипно ниво.

Натпреварот се одвиваше помеѓу три  екипи од Куманово, една од Липково, една од Кратово една од Старо Нагоричане и една од  Крива Паланка.

Победничката екипа ќе учествува на државниот натпревар кој ке се одржи на 19.05. 2012 година во Скопје.

Честитки до целата екипа и успеси во натамошните натпревари.

Големина на фонт
Контраст