„Отворен спортски ден“, завршен настан од проектот „Спорт за сите“

Денес во училишниот двор на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка се оддржа завршниот настан, насловен како „Отворен спортски ден“, а е дел  од големиот проект „Спорт за сите“ од програмата Спорт за развој, кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ.

Овој проект се имплементираше во последните шест месеци во општина Крива Паланка, а во соработка на Здружението за унапредување меѓусебна доверба-ТАКТ,  со локалното партнерсво Спорт за развој и Општина Крива Паланка.

Денес, на завршниот настан беа презентирани само дел од активностите и дел од луѓето, кои се заслужни за успешната релизација на предвидените активности и што овој проект направи видливи промени во заедницата.

На завршниот настан „Отворен спортски ден“, присувствуваше и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој во своето обраќање пред присутните изјави:

„Сето ова што го правиме, е за вас најмладите и во таа насока Општина Крива Паланка во изминатите година-две значително инвестираше во инфрастктура, пред се за спортски и слободни активности, но  инвестираше и во спортски клубови и поединци. Задоволство и чест ми е, да токму сега со вас споделам една информација, дека една од наградите по повод престојниот празник на градот, а тоа е наградата за личност која дала особен придонес и промоција на градот, ќе ја добие токму спортист од нашиот град, а тоа е нашоит млад и успешен кошаркар Андреј Јакимовски , а наградата ќе му биде врачена на празникот на градот 8-ми Октомври.

Сакам да искажам и голема благодарност до сите спортски работници, до сите спортски клубови од Крива Паланка и до сите наши пријатели, соработници и поддржувачи, осебно на ТАКТ и ГИЗ кои во изминатите 6 месеци ни понудија исклучително интересни и забавни активности пред се за вас младите, но и активности кои покажаа дека ние можеме и мораме да направиме диверзификација на спортските активности во нашата општина.“

Градоначалникот Мицевски упати голема благодарност за соработката и поддршката на сите локални институции, директори, наставници, спортски работници, дневниот центар за лицата со пречки во развојот и други чинители, кои дадоа несебичен придонес  во реализацијата на проектот и во развој на спортските содржини во нашата локална заедница.

Воедно Мицевски се заблагодари и на отворените забавни фудбалски школи-Опен фан фудбал, кои оваа година заедно со општината доделија спортска опрема за основните училишта и гимназијата, која ќе се користи во училиштата за изведување на спортските активности.

Денешниот завршен настан нека биде нов почеток на се она што ќе следи во наредниот период, затоа што заеднички планираме да имаме продолжување на овој проект и затоа се надевам на уште поголема ваша вклученост и зголемени спортски содржини во наредната година.

Нека секој ден биде празник на спортот, бидејќи спортот го унапредува здравјето на децата, но и преку овој проект ги вклучуваме сите деца во сите активности во локалната заедница и токлму овој проект ги вклучи и маргинализираните групи, но и сите млади кои се вклучаија во оваа спортска преродба.