Спектакуларен концерт на Петар Грашо во Крива Паланка

На градскиот плоштад во Крива Паланка, во рамки на празнувањата кои градот ги организира во чест на Свети Јоаким Осоговски, концерт одржа хрватскиот пејач Петар Грашо, а како предгрупа настапи „Камелеон“ од Охрид.

На големо воодушевување на публиката која покрај кривопаланчани ја имаше и од бројни градови од земјава и соседството, хрватската звезда ги отпеа најголемите хитови. Скоро два часа траеше концертното уживање, на кое имаше публика од сите генерации.

Пред одржување на концертот хрватската музичка ѕвезда  се сретна со градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

Во таа прилика Петар Грашо истакна дека е доаѓањето во Крива Паланка за него претставува посебна чест и задоволство, истакнувајќи дека е задоволен од пречекот на домаќините, вкусните традиционални специјалитети од нашиот крај, а во таа прилика градоначалникот Мицевски му врачи примерок од делата од ликовната колонија од 1994 година.