Новогодишен хепенинг и концерт на Влатко Лозаноски во Крива Паланка

Во деновите од викендот најмладите жители на Крива Паланка, но и сите кривопаланчани  уживаа во музички хепенинг, кој се одржа на централниот градски плоштад, а го приредија дечињата од основните и средното општинско училиште од градот.

Кореографии на популарни детски рефрени, изведба на новогодишни композиции, музицирање и вокално-инструментслни перформанси, беа дел од богатата и весела програма која го привлече вниманието на публиката.

Настанот го разубави и посетата на Дедо Mраз кој пристигна на пладне и ги израдува дечињата, а вниманието на публиката го привлече главниот гостин на програмата, популарниот пејач Влатко Лозаноски.

Овој празничен настан претставува заокружување на новогодишната културна програма во организација на локалната самоуправа и  институциите од областа на културата, која започна во четврток ,27 декември, кога премиерно беше изведен фестивалот на детска песна „Распеано симитче” 2018 во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од градот.

 

 




Големина на фонт
Контраст