Недела за грижа на стари лица

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, реализираше средба со пензионерите и инвалидите на трудот, кои организираа свеченост заедно со Oпштинската организација на Црвен крст, а по повод одбележувањето на традиционалната „Недела на грижа на старите лица“.

Со низа на активности и во заедничка соработка со општината, здруженија на граѓани и јавни институции, ОО на Црвен крст од Крива Паланка, активно работи во текот на целата година, а сега се вклучува и во одбележувањето на „Недела на грижа на старите лица“, под мотото „Сите сме нивни деца“.

Овој настан, со кој се одбележува Неделата на грижа за стари лица, е со цел подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на овие лица во сите сфери на општествениот живот, како и потребата да им се обезбеди грижа и помош.

Во рамки на програмата, ОО на Црвен крст од Крива Паланка ќе реализира неколку активности и креативни работилници за лицата од третото доба.

Градоначалнико Мицевски во своето обраќање по повод одбележувањето на  Недела на грижа на старите лица, пред пензионерите нагласи:

-Општина Крива Паланка секогаш се труди да ги подржи вашите настани и активности,  а голем дел од сопствените активности ги реализира и во директна соработка со Вас, зошто вие сте значаен сегмент од нашата локална заедница, вие сте нашиот столб и „мудрецот“ од кого имаме што да научиме и тоа да го пренесеме на нашите поколенија.