ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД  2025 година

Dear All,

На ден  9  мај ( петок) традиционално, но и љубилејно  по петти пат во  Општина Крива Паланка ќе се реализира големата Еколошка акција насловена како Генералка Викенд.

Оваа масовна  еколошка акција  е  произлезена  од организацијата МЕН енд Моунтаин  и истата во изминатите четири  години во нашата општина е подржана масовно и мошне успешно од страна на  локалната заедница, бизнис секторот, јавните претпријатија, еко одбори на училиштата  и градинки, граѓански здруженија , спортски здруженија, заедници на станари  и разни други организации и групи на граѓани .

Секојдневно се зборува дека градот ние еден од најчистите, дека се селектирааат голем број на видови на отпад , тоа  пак е заслуга на се поголемиот број на одговорни и совесни граѓани , на млади лица кои сакаат да живеат , да работата, да спортуваат и се рекреираат во чиста и убава животна средина и природа.

Затоа  Ве повикуваме и овој пат  да се  вклучите сите  кои сте во можност во оваа благородна и опшествено одговорна  еколошка акција .

Заедно сите да допринесеме  да ја направиме нашата општина уште  почиста  и поубава.

Да одвоиме барем малку време  и да излеземе сите заедно,  во ист ден ,во исто време   и со иста  цел – сите да покажеме   со личен пример и опшествена одговорност колку  ни е важна природната  средината и околината во која живееме , колку ни е важна работната средина каде  работиме, да покажеме дека отпадот треба да се селектира  и да се остава на определени места  предвидени за негово одлагање.

Искрено се надеваме на подршка  од сите Вас бидејки ова не се  прави  за некој друг  туку за самите себе и за нашите идни генерации .

Да покажеме висока Граѓанска и Еколошка свест на нашата општина кога се работи  за животната средина и природата и да се вклучиме во што е можно поголем број во оваа голема еколошка акција.

Да одвоиме неколку часа за животната средина , за природата , за самите  нас  и за идните генерации.

Контакт  телефон во врска со акцијата 075 236 557.

Font size
Contrast